karamba wrote:Валтер,што ќе кажеш на оваа парада во споредба со Кинеската а?Кинезите некако поише под конец ја држеа цела парада!Убава глетка беше цела техника по земја што одеше во иста маскирна шема обоена.Т-34-ката како од фабрика да излегла,Дозор-от екстра ми стои некако,а за Панцирот немам зборови,ќе почекаме слики денес ако има да ги видиме сите работи подетално!
П.С Su-25 не се дава,најброен денес беше

Е па другови ,
Што да се каже.Маестрално изведено во целина сепак се знае чија специјалност се парадите.Сите си ја завршија работата како што треба.Од она што го видов за разлика од лани Командантот на парадата и министерот за одбрана годинава не беа на оние фенси Тигр џипови обоени во црно туку во Волги повторно.Тоа беше првиот момент кој ме импресиоира.Секоја чест за шоферите на обете возила,чинам дека го изведоа сето небаре се пар во уметничко лизгање.Огромен респект,да седиш во став мирно(:D ) и извозиш толкав брод од кола со таква прецизност секоја чест уште еднаш.Погледнете само како одлично маневрираа и како беа нон стоп синхронизирани.Вториот момент кој исто така ме остави со подзината уста и за кој најмногу се плашев дека има шанси да тргне нешто наопаку беше моментот со Туркменистанскиот контингент и коњот,арно ама луѓе нивниот ешалон ме остави буквално да не речам со солзи во очите колку феноменално изгледаше.Од газење на чекор па до униформите и знамињата и конечно Командантот на коњот.Не знам дали приметивте ама коњот газеше исто во параден кас и кога салутираше истиот беше соодветен т.е некако го забрза како поклонување или аплауз со предните нозе,а да не спомнам оти беше перфектно издресиран и мирен и пред се преубав.Се на се пак ке кажам изгледаше ФЕНОМЕНАЛНО!!!Трет момент кој редовно ме импресионира Руската гарда,момците се како саат точни и прецизни и се најубавиот дел од парадата стандардно.Вреди да се спомне и ешалонот на ВДВ и реакцијата кога поминаа,навистина се гордеат со тие единици и право да ви кажам и има со што да се гордеат.Да не испадне дека сум обратен(а не сум

) ама УПМ нека иде се одбрани момци.Дури и командантот на ешалонот која разваљотка од тип беше чиста сила,секоја чест.Многу ме бендисаа парадните униформи на Русите едноставно изгледаат прекрасно.Ешалоните на ниво,одлично организирани пред се морам да им ги пофалам знаменосците,а да не заборавам исто и оркестрите заедно со оние гостинските од странство одлична изведба.
Е сега што се однесува до Кинезите реков и тогаш и повторно ке кажам дека таков перфекционизам нема да видиме ни во блиска иднина,меѓутоа кога е во прашање уметничкиот и ај ке речам моралниот момент се знае кој е кој.Традицијата на Руската војска нејзиното минато и она што е денес е тоа што ја прави оваа парада убава за око.Иако Кинезите грабат со џиновски чекори напред едноставно оваа парада ке остане засекогаш репер и уживанција за гледање.